МЗТ Скопје ја зголеми предноста на врвот на вечната листа на Куп освојувачи откако на овогодинешното издание на Купот на Македонија кој го носи називот на легендата на македонската кошарка Благоја Георгиевски – Бушутр славеше над Кожув и тоа пред гевгелиската публика со 61-86 за 13-ти трофеј во историјата.
Аеродромци кои покажаа доминантна игра во текот на целиот турнир во „26ти Април“, славејќи над Работнички и Пелистер до финалето, и овој пат ја потврдија својата класа одигрувајќи нов одличен натпревар на двата дела од теренот за лесна победа.
Избраниците на Атанасов го диктираа темпото уште од самиот старт на средбата добивајќи ја првата четвртина со 15-23. Одличната игра продолжи и до самиот крај на полувремето, лимитирајќи го противникот на 12 постигнати поени во втората четвртина за позитива од 27-42.
Кожув одговори со агресивна игра на отварањето на второто полувреме, а и покрај тоа што успеа брзо да ја анулира двоцифрената негатива на едноцифрена (35-44), немаше сили против долгата клупата на МЗТ Скопје. Миловановиќ и Крстевски одговорија кога беше најпотребно па со две тројки во низа донесоа комотни 49-63 пред последната четвртина во која беше задржана позитивата.
Со 17 поени Маслинко беше лидер на МЗТ Скопје, додека него го следеше Крстевски со 16 поени и 4 скокови. 12 поени и 3 скокови додаде Војдан Стојановски. 20 поени за Кожув постигна Стевановиќ, а по 12 додадоа Вилсон и Пилепиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА