МЗТ Скопје потврди зошто е актуелен шампион на Македонија со беспрекорното издание и победата над вицешампионот Еуро Никел со убедливи 81-67.
„Металците“ доминираа во секој аспект на кошаркарската игра, најимпресивни беа во скок-играта во која имаа предност од 45-28, а триумфот е уште позначаен ако се земе во предвид и лимитираниот ростер од само осум играчи на аеродромци на вечерашното дерби.
МЗТ покажа потенцијал и амбиција за нов атак на нови трофеи, додека кај кавадарчани се виде дека коронавирусот и изолацијата во која до неодамна се наоѓаа неколку клучни играчи остави трага. Едно е сигурно, ниту Еуро Никел со играчкиот ростер што го поседува не треба да се отпише од борбата за највисок пласман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА