Аеродромска кошаркарска рапсодија (фотогалерија)

МЗТ Скопје го одигра својот најдобар овосезонски меч, декласирајќи го ТФТ Скопје со преубедливи 102-61 во големото финале од Купот на Македонија.

„Металците“ прикажаа извонредна кошарка, целосно го надиграа противникот. Одбраната беше на ниво, но исто така и нападот, погодувајќи дури 18 тројки (од 31 обид), со фантастични 29 асистенции во текот на целиот натпревар.

Со ваква игра, нема сомнеж дека МЗТ е голем фаворит за трофејот, без разлика дали во големото финале ќе се сретне со Пелистер или со Феникс.

 

Се вчитува...