МЗТ Скопје се наоѓа на работ на амбисот, по шестгодишна доминација да остане без титулата во македонското првенство во сезоната во која „сино-белите“ испаднаа и од АБА-лигата.
Вечерва во Аеродром се беше подготвено за израмнување во финалната серија, околу 4.000 фанови на трибините, одлична атмосфера со мали инциденти и видно мотивирани домашни кошаркари. Сепак, оваа приказна немаше хепиенд за аеродромци.
Фештата се претвори во молк во моментот кога Гинјард го погоди и второто слободно фрлање, а на сите им стана јасно дека сега пред МЗТ е невозможна мисија, три пати по ред да се земе скалпот на големиот ривал ако сакаат да стигнат до титулата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА