Афера Барѕалји: Заминал од репрезентацијата од „приватни причини“, а бил во ноќен клуб до 3 наутро

„Афера Барѕалји“ го тресе италијанскиот репрезентативен фудбал. По триумфот над Албанија (2-0), дефанзивецот на Јувентус побарал од селекторот Вентура да биде ослободен поради неодложни „приватни причини“, но потоа бил фотографиран во 3 часот наутро во еден ноќен клуб. Неговиот пријател, диџеј Грипо, објави фотографија со него токму од ноќниот клуб. По ова реагираше селекторот Вентура, но сепак диџејот застана во одбрана на фудбалерот.

„Сакам да разјаснам дека Андреа беше на вечера со сопругата и со децата. Овде зборуваме за ресторан со специфичен амбиент и тивка музика во позадина. Фотографијата е направена во 22 часот, додека семејството Барѕалји се уште вечераше, а јас ја објавив на социјалните мрежи неколку часа подоцна, кога се вратив од работа. Претпоставувам дека членовите на семејството Барѕалји тогаш цврсто спиеле“, се обиде диџеј Грипо да го ’извлече’ својот пријател од проблемите што му ги направи.

Но, ниту јавноста, а ниту селекторот сепак не поверуваа во ова негово оправдување. „Аѕурите“ утре во Амстердам ќе играат пријателски натпревар со селекцијата на Холандија.

Се вчитува...