Скандал го потресува Арсенал откако британскиот таблоид Сан објави фотографии и видео од разуздана забава на кој неколкумина клучни играчи на клубот пушат таканаречен „гас за засмејување“. Забавата била во август, четири дена пред почетоткот на Премиер-лигата. Покрај фудбалерите на Арсенал просуствувале и 70 девојки.
Како што се гледа од снимката од балоните со спорниот гас очигледно вдишуваат Пјер Емерик Обамејанг, Александар Лаказет и Матео Гендузи. Девојка која присиствувла на забавата раскажува дека и Месут Озил бил меѓу тие што уживале во гасот кој влијае на расположението, но дури и создава халуцинации. Гермнанецот пак му нудел од балоните на Хенрик Мхитаријан, но грузиецот ја одбива понудата. На видеото уште се и Шкодран Мустафи и Сеад колашинац.
Арсенал најави спреведување истрага,.
„Ќе ги консултираме играчите во врска со оваа случка и ќе ги потсетиме на нивните обврскаи како претставници на клубот“ – изјави портпаролот на арсенал.
Инаку „гасот за смеење“ не е нелегален. Се користи во медицината како анестетик, но при вдишување поголема количина предизвикува смеење, еуфорија и го крева расположението.
Video Emerges of #Arsenal Players smocking crack nitrous oxide in night Club. It includes #MesutÖzil, #Aubameyang Pierre-Emerick, #ShkodranMustafi, #SeadKolašinac, #AlexandreLacazette and #MatteoGuendouzi club. #doberresports @arsenal pic.twitter.com/YhmH5CJiic
— Doberre Sports (@DoberreSports) December 7, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА