Аферата со лажни кошаркарски пасоши повторно зема замав во Шпанија. Во случајот кој веќе две години се истражува, поранешниот кошаркар на Реал Мадрид, Маркус Слотер, изјави дека пасошот со кој настапувал за „кралевите“ во сезоната 2014/15, го добил од клубот. Според неговата изјава на сведочењето во Мадрид, Слотер морал да даде 35.000 евра на својот агент, Џулијан Аранда, а дека останатото ќе го среди тој, открива политичкиот весник „Ел индепендиенте“.
Откако ја платил сумата, екс-кошаркарот на Реал вели дека воопшто не знаел што се случува со неговиот пасош, сe’ додека некој од клубот не му го врачил документот. За работите да станат полоши, неколку месеци подоцна Шпанската кошаркарска федерација откри дека пасошот од Гвинеја со кој настапувал Американецот, Енди Панко, за да не биде претставен како странец, имал идентичен сериски број како оној што Слотер го претставил во тоа време. Двајцата кошаркари го пријавиле случајот на агенцијата која ги претставува.
Сега клубот стравува од одземање на титулите освоени во сезоната 2014/15. Доколку пресудата не е нивна корист, федерацијата ќе им ги одземе трофеите од „Купот на кралот“ и домашното првенство. Слотер во истата сезона одигра 13 натпревари со лажниот пасош во Лига Ендеса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА