Фудбалската репрезентација на Еритреја, нема да настапува во квалификациите за пласман на СП 2026 година, само седум дена пред да го одигра првиот натпревар.
Оваа информација ја соопшти меѓународната фудбалска федерација ФИФА, притоа не ги истакна причините за откажувањето.
„ФИФА и ЦАФ потврдуваат дека Еритрејскиот фудбалски сојуз се повлече од натпреварувањето за пласман на Светско првенство 2026 година“, стои во соопштението на ФИФА.
Еритреха беше во групата Ф и на 16. ноември требаше да гостува во Мароко. Во групата беа уште и Замбија, Конго, Танзанија и Нигер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА