Африкански куп на Нации: Буркина Фасо и Тунис први четвртфиналисти

Буркина Фасо – Тунис е првата двојка во 1/4 финалето на Африканскиот куп на Нации, откако денеска ги елиминираа своите противници.

Буркина Фасо беше подобра од Габон, и го совлада дури по пеналите. И со промашен пенал во регуларниот, Траоре донесе водство во 28. минута од средбата. Автоголот на Гуира донесе израмнување на натпреварот дури во судиското надополнување од вториот дел, при што се играа два пати по 15 минути. И таму немаше промени, при што се премина на изведување на пенали.

Победникот беше познат дури по девет серии пенали, кога Буркина Фасо погоди, а Габон промаши.

Во вториот меч вечерва, Тунис ја победи Нигерија со 0-1. Мсакни во 47. минута стрелаше прецизно во мрежата на Нигерија, а победникот се чини беше јасен во 64. минута кога Ивоби доби црвен картон и ја остави Нигерија со играч помалку до крајот на средбата.

Се вчитува...