Африкански Куп на Нации: Гвинеја Бисау промаши пенал и пропушти победа над Судан

На трите натпревари денеска на Африканскиот Куп на нации, беше постигнат само еден гол. Нигерија го совлада составот на Египет со 1-0, а во последниот меч одигран вечерва, Судан и Гвинеја Бисау одиграа без голови, исто како и Алжир – Сиера Леоне.

Гвинија Бисау беше поблиску до триумфот, имаше повеќе од поседот, а во 78. минута и пенал. Меѓутоа Пеле не го реализираше, голманот на Судан успеа да го одбрани, а потоа одбиената топка повторно да стигне до играч на Гвинеја кој ја погоди пречката, а потоа и не реализираше празен гол.

Се вчитува...