Африканците манипулираат со годините: Па, дали овие се 15-годишни деца!? (ВИДЕО)

Кадетската репрезентација на Сенегал за фудбалери до 15 години убедливо го победи Мароко со 4-0 во полуфиналето на Афричкото првенство, но натпреварот беше засенет од тешки обвинувања од Мароканците дека нивните противници ги фалсификувале возрастите на играчите.

Сенегалците доминираа од првата минута, но по натпреварот главна тема стана наводната разлика во годините меѓу играчите, што е долгогодишен проблем во африканскиот фудбал.

Иако Сенегал покажа целосна супериорност на теренот, Мароканците тврдат дека победата не била регуларна. Тие ги насочија обвинувањата кон сенегалската федерација, тврдејќи дека нивните играчи се значително постари од пропишаните 15 години. Сомнежи се проширија и на социјалните мрежи, каде што многу корисници ја споредуваа физичката структура на играчите на двата тима, нагласувајќи ја очигледната физичка разлика.

Фалсификувањето на годините е долгогодишен проблем на афричкиот фудбал со кој не може да се справи ниту ФИФА.

Сенегал и Мароко имаат и друг спор

Ова не е прв спор меѓу фудбалските асоцијации на двете земји. Сенегал претходно го освои сениорскиот Африкански куп на нации, победувајќи го Мароко во финалето со 1-0 по продолженијата. Сепак, тој триумф остана спорен бидејќи Конфедерацијата на африкански фудбал (ЦАФ) подоцна одлучи да му ја одземе титулата на Сенегал и да му ја додели на Мароко.

Поради таа одлука, Сенегал покрена постапка пред Арбитражниот суд за спорт (ЦАС), чија конечна пресуда сè уште се чека.

Се вчитува...