Агаси сурово искрен: „Карлос немој да си толку алчен…“ (ВИДЕО)

Легендарниот поранешен тенисер Андре Агаси се пошегува со Карлос Алкараз за неговата потрага по рекорден број грендслем титули.

Алкараз веќе има шест грендслем титули, а има само 22 години, со што очигледно се заканува да го сруши рекордот што моментално го држи Новак Ѓоковиќ со 24 грендслем трофеи.

Иако не се истакна на Лејвер Купот, Агаси беше свесен со кого разговара на церемонијата по финалниот натпревар, па имаше хумористична – во исто време и реалистична – порака за Шпанецот.

„Карлос, не биди толку алчен со грендслемовите! Остави малку и за твоите браќа“ – рече Агаси низ смеа.

Капитенот на Светскиот тим, исто така, го пофали својот тим, кој го постигна својот трет триумф во осум изданија на Лејвер Купот.

„Голема чест е да седам на клупата и да те гледам како го правиш тоа што го правиш. Ти си неверојатен и ти посакувам светла иднина“ – додаде славниот Американец.

 

Се вчитува...