Агентот на фудбалерот упати демант до јавноста: Лаутаро е среќен во Интер

И покрај сите информации во англискиот печат дека Лаутаро Мартинез е пред договор со Тотенхем, денеска со своја изјава излезе агентот на фудбалерот, кој пак го потврди ставот на Интер, дека Лаутаро останува во Милано и оваа сезона.

„Лаутаро е среќен во Интер и во Италија. Неговата одлука е да остане”, вели агентот на Мартинез, Алехандро Камано, сугерирајќи дека договор со Тотенхем нема.

Вчера британски „Тајмс“ објави дека Тотенхем наводно веќе се договорил со фудбалерот.

Се вчитува...