Агентот и советникот на Нголо Канте си разменувале смртни закани

Агентот на Нголо Канте, Абделкари Дуи добивал смртни закани од советник на играчот кој барал дел од парите од трансферот на францускиот репрезентативец од Лестер во Челси во 2016 година. Информацијата призлегува од таканречениот „Football Leaks“, а ја објави францускиот портал за истражувачко новинарство „Медиапрт“.

Вредноста на трансферот на Канте беше 32 милиони фунти, а неговиот агент доби четири милиони фунти. Лицето кое во тој период делувало како советник на фудбалерот со смртни закани барало пари за себе.

Заканата дошла преку вооружени лица кои го нападнале агентот на Канте. Сите наводно инволвирани во инцидентот за порталот „Медиапрт“ го демантирале случајот. Приказната оди и до таму што се тврди дека насилниците му се заканувале и на Канте.

Сепак, информациите кои произлегуваат од „Footaball Leaks“ во повеќе случаи се покажаа вистинити, а поради овој извор беа покренати и серија истраги против некои клубови.

Се вчитува...