Агентот на Џабари Паркер, Никос Лоцос, проговори за наводната кавга меѓу неговиот клиент и тренерот Мирко Оцокољиќ.
Паркер одигра уште еден очаен натпревар по ред против Жалгирис во Каунас, а по дуелот имало и наводни физички и вербални пресметки со стручниот штаб на Партизан, но и со партизанови навивачи.
Медиумите објавија дека имало наводна сериозна расправија меѓу него и Оцокољиќ, за која тренерот зборуваше и по натпреварот.
„Не се расправав со Паркер за време на натпреварот, разговаравме за кошаркарски работи, тоа е нормално, се случува на секој натпревар. Дали станува збор за еден вид бојкот на Паркер кон тимот? Мора да го прашате него, како и целиот тим, вклучително и мене, бидејќи сите носиме одговорност за она што го покажавме во Каунас“, рече Оцокољиќ на прес-конференцијата.
— OvoOno (@OvoOnoX) December 19, 2025
Operacija skok pic.twitter.com/94Lz3bVbf6
— OvoOno (@OvoOnoX) December 19, 2025
Во врска со таа ситуација, се огласи и претходно споменатиот Лоцос, претставник на Паркер во Европа.
„Мислам дека е подобро да не се коментира за тоа. Мислам дека сите треба да останат смирени и да продолжат да работат за да може тимот да игра подобро“, рече агентот на Паркер за „Спорт клуб“.
Тој се осврна и на сè почестите приказни за заминувањето на Американецот од Белград.
„Во моментов нема разговори за Џабари меѓу мене и моите американски партнери од една страна и раководството на Партизан од друга страна. Играчот е професионален, работи и се обидува повеќе да му помогне на тимот“, додаде Лоцос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

