Агентот на Донарума: Џиџи направи се за клубот, ПСЖ покажа огромно непочитување

Агентот на Џанлуџи Донарума, Енцо Раиола го коментираше потегот на ПСЖ да го отстрани голманот од својот состав непосредно пред мечот од УЕФА Супер-Купот со Тотенхем кој се игра вечерва.

Италијанецот на општо изненадување на сите, не се најде во составот на Луис Енрике. Причината е непродолжување на договорот, иако Енрике го „бранеше тимот“ со тоа што кажа дека одлуката да го изостави голманот е лично негова, и дека му треба друг тип на голман.

„Ја разбирам потребата да се потпише нов голман, но отпуштањето на Донарума после се што направи за клубот е огромно непочитување кое ќе го проценам со адвокатите. Не е важно кој ја донел одлуката, и тренерот работи за клубот“, изјави Раиола.

Се вчитува...