Бразилскиот репрезентативец Бруно Кабокло само формалности го делат од потпишување на договор со Партизан каде треба да биде големо засилување за тимот предводен од Жељко Обрадовиќ.
Српскиот стратег долго ја чекаше замената за Матијас Лесор, а и покрај тоа што првично се појавија проблеми со сегашниот клуб на Бразилецот, Венеција, се чини дека проблемите се надминати судејќи по последната објава на агентот на центарот кој му честиташе на својот кошаркар за ангажманот во Евролигата.
Кобакло во Белград со себе носи и НБА искуство. Тој настапуваше во најсилното кошаркарско натпреварување од 2014 до 2020 година за Торонто, Сакраменто, Мемфис и Хјустон, по што следеше ангажман во неколку европски тимови. Последниот од нив е германскиот Улм каде заедно со Јаго дос Сантос го предводеше својот тим до шампионската титула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА