Агентот на Леао: Преговорите со Милан продолжуваат

Тед Димвула, агентот на играчот на Милан Рафаел Леао, демантираше дека неговиот клиент веќе го потпишал новиот договор со „росонерите“, напоменувајќи дека преговорите се во тек и истите ќе продолжат до наоѓање на конечно решение.

Неколку медиуми веќе објавија дека Леао и Милан се согласиле на продолжување на соработката до 2028 година, со плата од 7 милиони евра по сезона.

„Да, преговараме со Милан за продолжувањето на договорот. Преговорите траат долго време, затоа што секој детал е важен. Планираме наскоро одново да се сретнеме. Милан многу значи за Рафаел и неговите амбиции не се променети. Тој сака да игра тука, и да се развива, и сака да игра во Лигата на шампионите“, изјави Димвула.

Се вчитува...