Агентот на Муринен се огласи по сензационалната вест за трансфер во Партизан

Денеска се огласи и агентот на финската сензација Мика Муринен по синоќешната информација дека би можел да потпише за Партизан.

18-годишниот Муринен кој имаше одличен настап на Евробаскетот, во моментов е во САД и настапува за средношколскиот тим Санрајс Академи. Па по информативниот бум кој синоќа беше направен со веста за трансферот во Партизан, неговиот агент сега со став…

„Мика, по искуството на Евробаскетот, секако сака да биде со професионалци. Во кошарката е 24/7. Сака да јаде, дише и спие како ова лето. Сега ја бара најдобрата кошаркарска опција за себе“ – напиша агентот Теди Арчер.

Ова без сомнение е порака која апсолутно не говори ништо, но исто така и не ја демантира можноста за трансфер во Партизан.

Се вчитува...