Агентот на Рашфорд на преговори со Барселона

Маркус Рашфорд ја заврши позајмицата во Астон Вила која се покажа како сосема исправен потег откако веќе стана јасно дека за овој фудбалер нема место во тимот на Манчестер јунајтед. Рашфорд се врати назад во Манчестер, додека неговиот агент почна преговори со заинтересираните клубови за што поскоро да најде нов клуб за одличниот напаѓач, почнувајќи ни помалку ни повеќе, туку од Барселона.

Она што е извесно, Рашфорд речиси сигурно нема да се врати назад на „Вила Парк“ бидејќи Англичанецот инсистира новиот клуб да биде дел од Лигата на Шампионите, а Вила не успеа да стигне до ова натпреварување, токму поради поразот од Манчестер јунајтед во последното премиерлигашко коло.

Барселона будно ја следи ситуацијата, а катлаонскиот весник „Спорт“ денеска објави дека директорот Деко имал и средба со агентот на Рашфорд на која се дискутирало околу условите за овој трансфер. Каталонците го имаат Рафиња како прва опција на лево крило, но тренерот Флик на Рашфорд гледа како на играч кој може да покрие повеќе позиции во нападот. Згора на тоа, тој е многу поевтин од Луис Дијаз, кој е голема желба на Флик, но е достапен за најмалку 100 милионие евра.

Наспроти Колумбиецот на Ливерпул, се најавува дека цената на Рашфорд на пазарот летово нема да надмине 35 милиони евра, па јасно е зошто овој проверен голгетер е така високо на листата со желби на каталонскиот гигант.

Се вчитува...