Шпански АС пренесе информација дека Мохамед Салах ова лето би можел да го напушти Ливерпул поради нерешливи недоразбирања со менаџерот Јирген Клоп.
Но, овие шпекулации веднаш ги демантираше агентот на Салах, Рами Абас.
„Повторно зборуваат од своите г..иња, немам што повеќе да кажам. Какви глупости“ – изјави Абас.
А коментирајќи ги пишувањата на АС, близок медиум до Реал Мадрид, англиските медиуми, пак, нагласуваат дека сето тоа е во насока на разнишување на односите меѓу Салах и Клоп како Египќанецот полесно би се решил за преселба на „Сантијаго Бернабеу“.
Салах на „Енфилд“ е од 2017 година кога пристигна од Рома. Договорот со Ливерпул му трае до 2023 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА