Еден од најголемите таленти во моментов во светот, Ламин Јамал ќе потпише нов договор со Барселона. Ова го потврди неговиот агент Жорж Мендеш, непосредно пред натперварот во Лисабон во кој Барса гостува кај Бенфика во првиот 1/8 финален меч во ЛШ.
Со тоа навивачите може да здивнат, а играчот кој има импресивни бројки на негови 17 години, ќе биде „врзан“ со долг договор со клубот.
„Зборувавме за Ламин Јамал, и нормално дека ќе потпише нов договор. Како што се договоривме, Јамал ќе потпише договор до 2030 година веднаш штом наполни 18 години“, рече Мендеш.
Тоа ќе се случи во јули, кога Јамал ќе стане полнолетен, и потоа ќе го стави потписот на договорот на следните пет години, со значајно поголема плата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

