Агим Ибраими: Адеми е „алфа и омега“ во Динамо Загреб

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец, Агим Ибраими во интервју за хрватскиот „24 сата“ меѓу другото говореше и за капитенот на Динамо Загреб, Аријан Адеми.

Ибраими за својот братучед вели дека е „алфа и омега“ во хрватскиот шампион, а дека одбил и голема понуда од Саудиска Арабија само да остане на „Максими“.

„Читам дека се пишува дека Динамо не е во форма, но не знаете колку е тешко да се игра во овој период од годината, посебно ако на хартија имате послаб ривал, затоа што таквите екипи секогаш имаат мотиви против поголемите и секако работите не одат лесно. Не го велам ова затоа што ми е братучед, ама Адеми е „алфа и омега“ во Динамо. Оној кој секогаш е најдобар. Мотор на екипата за кој само теренот секогаш бил и останал мерило на квалитетите. Затоа и така долго трае. Можеше Адеми многу пати да си оди од Динамо, јас бев запознат со неверојатната понуда која ја доби од Саудиска Арабија, но тој одлучи да остане и да урива рекорди. Тоа е за почит, затоа што којзнае дали некој друг ќе дојде до овие достигнувања кои Адеми ги направи за Динамо“, изјави Агим Ибраими.

Се вчитува...