Агим Ибраими го запиша и шестиот гол сезонава за Кукс

Агим Ибраими го постигна и шестиот свој погодок во дресот на Кукс во 13. коло од шампионатот на Албанија.

Кукс загуби со 3-2 на гостувањето од Лачи, останувајќи со 17 бода на шестата позиција во албанската Суперлига. Ибраими погоди од пенал во 64. минута од средбата.

Се вчитува...