Агим Ибраими и Ндерим Неџипи повторно се враќаат во Шкендија, но овој пат во спортскиот менаџмент на клубот како дел од амбициите на тетовци следната сезона повторно да се вратат на вистински начин на шампионските патеки во Македонија.
Поранешниот македонски репрезентативец и фудбалер на Салцбург, Марибор, Каљари, Астана…, Агим Ибраими се очекува од јуни да биде именуван за нов спортски директор на Шкендија, а заедно со него како дел од менаџментот во спортскиот дел да биде и Ндерим Неџипи кој изминативе две години забележа извонреден успех како спортски директор на Балкани од Косово, со кој клуб стигна до две шампионски титули но и учество во групната фаза од Конференциската лига на УЕФА. Неџипи е и поранешен фудбалер на Слога Југомагнат, Шкендија, Работнички, Волфсбург, Херта, Васлуи…
Интенцијата на Шкендија за новата 2024/25 сезона е со двоецот Ибраими и Неџепи да се креира шампионски тим со повисок буџет од актуелниот со кој „црвено-црните“ повторно најсериозни ќе атакуваат на шампионската титула.
Шкендија се уште е во трката, со Струга ТЛ и со Шкупи, и за титулата низ актуелнава сезона во желбата за ново учество во квалификациите за Лигата на европските шампиони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА