Поранешниот македонски репрезентативец и сегашен член на Управниот одбор на ФФМ, Агим Ибраими, е назначен за нов спортски директор на албанскиот тим Партизани Тирана.
Ибраими ќе има задача да го стабилизира тимот кој се наоѓа на дното на табелата, а во пролетниот дел тргнува со амбиции да избори опстанок.
Ибраими како играч веќе играше во Албанија, во тимовите на Кукс и на Динамо Тирана, и е добро познат на тамошните клубови.
Екс репрезентативецот ќе остане паралелно да ја извршува и функцијата во ФФМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

