Македонскиот фудбалски интернационалец Агим Ибраими потпиша договор со словенечкиот договор Домжале. Тој денеска и официјално претставен како големо засилување во новиот клуб.
Ибраими се враќа во првенството на Словенија каде претходно го носеше дресот на Марибор, Олимпија Љубљана и Нафта. Тој се заблагодари на раководството на новиот клуб и најави дека е максимално мотивиран за повторно да се врати во својата најдобра форма.
Играчот за врска го раскина спогодбено договорот со Астана и по подолго размислување и неколку понуди одлучи повторно да се врати во Словенија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА