Агон Елези по деби-голот за Горица: „Посакувам враќање во препознатливата форма…“ (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Агон Елези го постигна својот деби-гол во дресот на хрватскиот суперлигаш Горица, по враќањето во првенството на Хрватска откако мина една неуспешна авантура во германски Бохум.

Сега Елези на најдобар начин изминатиов период покажа дека се враќа во посакуваната препознатлива форма во која настапуваше во дресот на Вараждин, заокружувајќи го тоа и со гол на вчерашниот дуел против Динамо Загреб.

„Верувам дека на најдобар начин ќе се вратам во препознатливата форма во Хрватска, а сето тоа во иднина да донесе и позитивни резултати за Горица“ – вели Елези.

Елези, вчера, го шокираше актуелниот шампион Динамо Загреб со својот погодок во 27. минута, но потоа фаворитот ја презема контролата и преку Канга, Пјаца и Куленовиќ дојде до победа од 3-1. Македонскиот репрезентативец настапи до 66. минута, додека кај Динамо Загреб стартер беше Аријан Адеми настапувајќи до 85. минута. Стефан Ристовски, пак, повторно мечот го почна од клупата за резервни фудбалери влегувајќи во игра во 63. минута.

Се вчитува...