Агон Елези се враќа во Хрватска и ќе игра за Горица

Македонскиот репрезентативец Агон Елези во пролетниот дел од сезоната ќе мине во Хрватска. Откако не доби шанса во германски Бохум, играчот од средниот ред ќе го игра како позајмен играч во Горица.

Елези минатата година пристигна во Бохум, но немаше минутажа. Со оглед дека му е позната хрватската лига, играјќи четири години за Вараждин, германската екипа се реши да го врати во Хрватска, а потоа на крајот од сезоната да одлучува што ќе прави со него.

Елези во јануари 2024 година потпиша со Бохум договор до јуни 2027 година.

Се вчитува...