Играчот од средниот ред на македонската репрезнтација Агон Елези, во последно време се почесто ја добива довербата од селекторот Благоја Милевски.
Елези беше стартер на натпреварот против Италија, во кој Македонија од 3-0 стигна до 3-2, но на крајот загуби со 5-2. Елези на тој меч одигра 65 минути.
„Да се игра на Олимпико пред 70.000 гледачи, беше прекрасно искуство. Успеавме после 3-0 да се вратиме на 3-2, и им влезе вода во ушите. Селекторот Спалети беше нервозен, беа во шок и според мене пропуштивме шанса за изненадување. Кога го постигнаа четвртиот гол, веќе беше готово“, вели Елези и додаде:
„Федерико Киеза, тоа е нешто страшно. Веќе долго не сум видел толку брз играч, со таква контрола на топката и со чувство за простор. Цело време е опасен, цело време бара длабочина, и со лицето свртен кон голот. Тука е Барела, по мене најдрагиот играч од Италија, со кој го заменив дресот. Малку разговаравме на крајот, ми честиташе за натпреварот и многу е скромен“, рече Елези.
Тој потоа се осврна и на натпреварот со Англија.
„Добро париравме, водевме 1-0 и вистинска штета е што не победивме. Покажавме дека можеме да се бориме со најдобрите. На крајот го сменив дресот со Тренг Александар-Арнолд, затоа што сум навивач на Ливерпул“, заврши Елези.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА