Македонскиот репрезентативец Агон Елези, е многу блиску до преселба во Австрија Клагенфурт. Според информациите до кои дојде ЕКИПА, Елези е во завршни преговори со австрискиот прволигаш, и наскоро ќе треба да се комплетира трансферот.
Овој тим од денеска е на подготовки во Шибеник, Хрватска, каде што се очекува во скоро време да им се приклучи и Елези.
Елези после четири години ќе го напушти овој клуб, во кој игра и Димитар Митровски. Елези во минатото беше фудбалер на Скендербег, Влазерими и Шкупи.
За македонскиот национален тим Елези има два настапи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА