Опасноста Дени Велбек да не заигра професионален фудбал повторно е се посериозна откако Арсенал синоќа обелодени дека врз поранешниот англиски репрезентативец морало да биде извршен и втор хируршки зафат во рок од само неколку дена. Велбек заработи крајно сериозна повреда на зглобот на мечот од Лигата на Европа против Спортинг Лисабон, по што се уште се наоѓа во клиника во Лондон, а лекарите се мачат да го стабилизираат повредениот дел од ногата.
Според информациите од таборот на „топчиите“, втората операција била успешна и се очекува лекарите во следните 48 часа да излезат и со официјална информација околу точната дијагноза и првите прогнози околу тоа дали и кога Велбек би можел да го има својот камбек на фудбалските терени.
Речиси сигурно е дека тоа нема да може да се случи до крајот на оваа сезона, но во Арсенал се надеваат дека искусниот голгетер ќе биде во можност да ја продолжи кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА