Лук Шо дефинитивно е еден од најмалерозните светски фудбалери во последните години, откако англискиот репрезентативец се здобива со нови и нови повреди кои го оддалечуваат од фудбалските терени.
Тој конечно влезе во игра во второто полувреме од последниот дуел на Манчестер Јунајтед против Евертон, и тоа неколку дена откако тренерот Аморим изјави дека позицијата лев бек е најпроблематична во овој тим. Секако дека Шо може да биде одлична опција на „црвените ѓаволи“ во овој дел од одбраната, но денеска самиот дефанзивец објави дека – повторно заработил повреда.
„Минував низ многу растови и падови, но ова дефинитивно е најтешкиот период за мене. Целоно сум очаен и екстремно ми е тешко да се помирам со реалноста. Ветувам дека ќе дадам се од себе да се вратам посилен и да му помогнам на клубот да ги оствари своите амбиции. Благодарност до сите за поддршката, многу ми значи во овие моменти“, објави Шо на своите профили на социјалните мрежи.
Датумот за камбек на дефанзивецот засега не е познат, но се oчекува тоа да биде во јануари 2025 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА