Аграванис ја напушти репрезентацијата на Грција

Центарот на грчката кошаркарска репрезентација Димитрис Аграванис го известил селекторот Димитрис Итудис дека нема да ги продолжи подготовките за Мундобаскетот.

Аграванис како оправдување за отказот навел лични причини, иако, како што наведуваат грчките медиуми, главна причина е неговото незадоволство од улогата што ја има во тимот.

Кај Итудис Аграванис немаше важна улога. Селекторот не го искористи премногу на досега одиграните пријателски натпревари и тоа, според некои грчки медиуми, го натерало кошаркарот да ја донесе оваа одлука.

Се вчитува...