Долгогодишниот капитен на Ренова и поранешен македонски репрезентативец, Агрон Мемеди става крај на фудбалската кариера.
36-годишниот Мемеди се одлучи пред крајот на сезоната да ја заврши својата играчка кариера. Сезонава одигра само шест натпревари за „гипсарите“, по што донесена е одлуката за повлекување од професионалниот фудбал.
Поголемиот дел од својата кариера Мемеди ја мина во Ренова, со кој тим стигна и до шампионската титула, а има настапи и за Шкендија и Металург во македонскиот шампионат. Левокрилниот дефанзивец има и два настапи во дресот на македонската репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА