Аргентинскиот интернационалец Серхио Агуеро е подготвен за камбек на фудбалските терени, многу побрзо од очекувањата, откако заработи две скршени ребра во сообраќајната несреќа што се случи во Амстердам. Иако се прогнозираше пауза од шест седмици, Агуеро би можел да се врати по само дваесетина дена на теренот.
Напаѓачот вчера и денеска ги одработи комплетно тренинзите со тимот на Пеп Гвардиола и може да конкурира за составот. Последниот збор сепак ќе го има менаџерот, кој ќе одлучи дали ќе го ризикува враќањето на Агуеро на утрешниот натпревар против Стоук на домашен терен, во Премиер – лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА