Агуеро ги „издрибла“ навивачите: Скршениот трофеј беше реплика (ВИДЕО)

Манчестер Сити освои тројна круна оваа сезона во Англија, атмосферата во тимот е фантастична, а фудбалерите решија да се пошегуваат и со своите навивачи. Исценираа ситуација во која пехарот од Премиер – лигата падна од втор кат во клупската база од рацете на Серхио Агуеро и се искрши. Сепак, се работи за „добро воиграна акција“ да се пошегуваат со фановите, а скршениот пехар е реплика.

Се вчитува...