Манчестер сити ќе биде значајно ослабен на утрешното гостување против Челси откако Пеп Гвардиола обелодени дека Серхио Агуеро нема да може да настапи на дербито на „Стемфорд бриџ“. Аргентинецот поради повреда на мускулот ги пропушти последните две средби против Бурнемаут и Ватфорд на кои Сити стигна до максимални шест бода, но јасно е дека задачата ќе биде многу потешка на утрешната пресметка со поранешниот првак на Англија.
„Агуеро нема да биде подготвен, нема ни да патува со тимот во Лондон“ – краток беше Гвардиола на оваа тема, дополнувајќи дека покрај Аргентинецот дербито со Челси ќе го пропуштат и Де Бруине и Менди, кои веќе извесно време се повредени.
Во однос на последниот меч со Ватфорд се очекува во првиот тим да се врати Рахим Стерлинг, а местото на Агуеро како предводник на нападот повторно ќе му припадне на Бразилецот Габриел Хесус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА