Серхио Агуеро нема да може да настапи и на наредните два премиерлигашки дуели на Манчестер Сити, вклучувајќи го тука и неделното дерби со Ливерпул. Аргентинецот неодамна го победи коронавирусот и му се стави на располагање на Пеп Гвардиола, но стратегот на „граѓаните“ денеска обелодени дека Агуеро не ни почнал да тренира со остатокот од тимот.
Сити утре му гостува на Барнли, по што в недела ќе патува за Ливерпул, но според најавите од таборот на Манчестер Сити нема шанса Агуеро да се појави во тимот за овие средби.
„Тој се уште не почнал да тренира на терен, туку вежба во сала. Најважно од се е што е негативен на коронавирус, но не знаеме кога би можел да се врати во тимот“, изјави Гвардиола.
Веќе е извесно дека Агуеро на крајот од сезонава ќе си замине од Манчестер Сити, клубот се уште му нема понудено продолжување на договорот што истекува на 30 јуни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

