Агуеро му се враќа на фудбалот?

Легендарниот аргентински напаѓач Серхио Агуеро, би можел да се врати на фудбалот, откако се погласни се шпекулациите дека повторно ќе истрча на теренот.

Таа можност ја најавил кардиологот на фудбалерот.

„Како што стојат работите, не би имал проблем да игра. Логично е да се направат дополнителни тестови, но ако добро се подготви, тогш има надеж“, рече докторот на Агуеро.

Популарниот Кун изрази желба кариерата да ја заврши во Индепендиенте, па би можела таа желба да се оствари.

„Кратко – Агуеро повторно би можел да заигра фудбал“, додаде кардиологот.

Се вчитува...