Серхио Агуеро најверојатно нема да се врати на терените во дресот на Манчестер сити откако аргентинскиот голгетер објави дека мора да замине на операција поради болки во коленото.
Самиот Агуеро на својот профил на социјалните мрежи обелодени дека ќе мора да замине на операција на менискусот, се со цел што поскоро да може да игра на највисоко можно ниво. Во ситуација кога титулата во Премиер-лигата е осигурана, а Манчестер сити испадна од ЛШ и од ФА Купот на Англија, „граѓаните“ му дале зелено светло на својот најдобар стрелец да замине „под нож“.
Целта е јасна, со оглед на фактот дека предвидената пауза изнесува еден месец, Агуеро да има доволно време за да се рехабилитира и да биде максимално подготвен за мундијалот во Русија што почнува кон средината на јуни. До крајот на сезонава нападот на Манчестер сити ќе биде предводен од Габриел Хесус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА