Агуеро нема да се му се врати на фудбалот: „Луѓето измислуваат“

Некогашниот аргентински фудбалер Серхио Агуеро, демантира дека ќе се врати на фудбалот, и истакна дека не планира да тренира со Индепентиенте.

35-гоишниот Агуеро во декември 2021 година ја заврши кариерата поради проблеми со срцето.

Неодамна неговиот доктор изјави дека во иднина Кун Агуеро повторно би можел да заигра фудбал. Дел од светските медиуми објавија дека Агуеро наводно имал желба одново да се активира, и дека добил повик од тренерот на Индепендиенте, легендарниот Карлос Тевез.

„Тоа е лага. Нема да тренирам со Индепендиенте. Понекогаш луѓето измислуваат, затоа што мојот кардиолог се појави. Тој кажа дека сум многу одбро, и дека е важно да бидам во добро здравје, но би требало да минам уште многу прегледи за да се вратам на тренинзи на идеално ниво“, рече Агуеро.

Се вчитува...