Агуеро откри каде ќе ја заврши кариерата

Ѕвездата на Манчестер Сити, Серхио Агуеро изјави дека еден ден би сакал кариерата да ја заврши во омилениот тим од детството аргентинскиот Индепендиенте. Агуеро во моментов се наоѓа во Аргентина, каде „гаучосите“ се на подготовки за Копа Америка.

„Секогаш сакам кога се враќам во Аргентина. Тоа е мојата татковина. Навивачите на Индепендиенте знам што сакаат, но јас се уште имам договор со Сити. Сепак, ветувам дека професионалната кариера ќе ја завршам во мојот тим. Индепендиенте секогаш ми е приоритет“, изјави Агуеро. 

Агуеро Индепендиенте го напушти во 2006 година, кога премина во Атлетико Мадрид, за пет години подоцна да потпише со Манчестер Сити. Сезонава тој во дресот на „граѓаните“ забележа 33 настапи во Премиер-лигата на кои постигна 21 гол.

Се вчитува...