Агуеро откри: Меси ќе се врати дома

И натаму е неизвесна иднината на Лионел Меси, кому на крајот на сезоната му истекува договорот со ПСЖ. Големи се шансите да се врати во Барселона, но неговиот голем пријател и поранешен аргентински репрезентативец Кун Агуеро, откри каде Меси ќе ја продолжи кариерата.

Агуеро верува дека Меси ќе се врати во Аргентина, и дека ќе игра за Њуелс Олд Бојс, каде што беше член на младинските категории, пред да премине во Барселона, каде стана легенда.

„Тој сериозно размислува за опцијата да игра за Њуелс“, рече Агуеро.

Меси долги години беше дел од академијата на Њуелс, од каде потоа замина во Барселона. Пред две години стана дел од ПСЖ.

Се вчитува...