Манчестер Сити очекувано обезбеи пласман во четврт-финалето од Лигата на шампионите откако англискиот првак славеше и на вториот натпревар против Шалке, овојпат на домашен терен со убедливи 7-0.
Гостите од Гелзенкирхен одолеваа на налетите на Сити само во првите триесетина минути, а потоа со досудениот пенал во корист на „граѓаните“ ситуацијата на теренот целосно се промени. Агуеро реализираше со „паненка“, па Аргентинецот неколку минути подоцна зголеми на 2-0.
Сане постигна гол против својот поранешен клуб за водство од 3-0 пред крајот на полувремето, а Германецот потоа асистираше до Стерлинг за четвртиот погодок на тимот на Пеп Гвардиола. Петтиот гол беше дело на Бернардо Силва, повторно на асистенција на Сане, а Германцот ја имаше улогата на асистент и при шестиот гол на својот тим, што го постигна младиот Фоден. Конечните 7-0 ги постави „резервистот“ Габриел Хесус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА