Напаѓачот на Манчестер сити, Серхио Кун Агуеро пред вечерашниот дуел против градскиот ривал Јунајтед, упати провокација кон противникот во хумористична смисла, откако беше принуден да одговори на нетпријатно прашање. Аргентинецот на прашањето „кој играч од Јунајтед би купиле за вашиот клуб“, истакна дека неговиот тим нема потреба од играчи на Јунајтед, потенцирајќи дека се доволно квалитетни и дека нивниот тренер знае да го искористи најдоброто од нив.
„Не, не би купил ниту еден играч на Јунајтед. Нашиот тим е доволно квалитетен, имаме доста искусни и доста млади, талентирани играчи и сите меѓусебно си помагаме и учиме еден од друг. Можеби го немаме најскапиот фудбалер, но нашиот тренер располага со врвни фудбалери на сите позиции“ – истакна Агуеро, кој во последните 12 натпревари има постигнато исто толку голови и во е топ форма.
Конечниот исход од вечерашниот меч може да биде пресуден и за двете екипи. Моментално само еден бод ги дели Јунајтед и Сити од четвртото место кое води во квалификациите за ЛШ. „Граѓаните“ имаат 64, „ѓаволите“ 63 бода, што значи дека и двата премиерлигаши ќе одат на се’ или ништо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА