Агуеро се обложи со 10.000 долари на Реал Мадрид – Манчестер Сити (Фото)

Серхио Агуеро веќе неколку години е фудбалски пензионер откако поради проблеми со срцето мораше предвреме да ја заврши кариерата, но Аргентинецот во меѓувреме будно ги следи настаните во европскиот фудбал, пред се кога станува збор за неговиот долгогодишен клуб Манчестер Сити.

Сити вечерва во „мега-дуелот“ од четвртфиналето во Лигата на Шампионите му гостува на Реал Мадрид, а Агуеро на неколку часа пред мечот на „Сантијаго Бернабеу“ обелодени дека ставил облог во висина од 10.000 долари на овој дуел.

Аргентинецот објави скрин-шот од облогот, откривајќи дека е убеден дека во Мадрид ќе проследиме ефикасен фудбал при што ќе бидат постигнати најмалку три погодоци.

„Меч како овој денешниот дефинитивно заслужува да има голови“, напиша Агуеро на својот профил на социјалните мрежи крај фотографијата од уплатениот тикет.

Доколку бидат постигнати три погодоци, Агуеро ќе заработи 8.900 евра чиста добивка.

Се вчитува...