Агуеро се враќа на фудбалот на специјална вечер меѓу бројни светски ѕвезди (ВИДЕО)

Серхио Агуеро повторно ќе заигра фудбал. Овој пат на 28. јануари како гостувачка ѕвезда на „Жолтата ноќ“ во дресот на екипата на Барселона де Еквадор од Еквадор, на мечот на кој ќе се претставува новата екипа за новата сезона на овој клуб.

Самиот Агуеро потврди дека ќе гостува на ревијалниот натпревар на бројни светски ѕвезди од Латинска Америка.

„Се радувам што повторно ќе се вратам на фудбалот и ќе се забавувам. Веќе имав кардиолошки преглед, добро се чувствувам и веќе почнав да тренирам, па ќе може да играм на ‘Жолтата ноќ’“ – истакна Агуеро.

Агуеро ќе биде осма светска ѕвезда повикана на „Жолтата ноќ“. Пред него беа Роналдињо како гостин во 2016 година, Диего Форлан во 2017, Кака во 2018, Андреа Пирло во 2019, Алесандро Дел Пјеро во 2020, Хавиер Маскерано во 2021 и Карлос Тевез минатата година.

Барселона де Еквадор е еден од најстарите клубови во таа земја. Освоиле 16 трофеи шампион и никогаш не испаднале од најсилната лига. Имаат и две финалиња во Копа Либертадорес.

Се вчитува...