14 февруари е Денот на вљубените, Свети Валентајн. Но, американската скијачка, прекрасната Линдзи Вон, која во моментот се наоѓа во Пјонгчанг, вели дека е осамена и си побара друштво преку Твитер. За неполн час доби повеќе од 2.000 понуди од момците за да и ја разубават вечерта.
„Изгледа дека денеска е Свети Валентајн…Јас потполно заборавив, затоа што сум на Зимските Олимписки Игри, и затоа што во моментов сум сингл. Има ли некој слободен, да биде мојот Валентајн?“, праша на Твитер, Линдзи Вон.
Интернетот „изгоре“, а понудите „фрчеа“ како луди…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА