Њукасл славеше со 1-0 на дуелот со Манчестер Јунајтед, апсолутно заслужен исход ако се знае дека „црно-белите“ околу 80 минути целосно доминираа на теренот, а „„црвените ѓаволи“ и покрај нешто подобриот финиш не успеаја да стигнат до реми. Главен виновник за тоа е Хари Мегваер, кој играше одлично во одбраната, но затоа се најде на погрешно место во погрешен момент во нападот, па спречи израмнувачки погодок во 89. минута откако топката го удри на патот до мрежата додека се наоѓаше во офсајд.
Њукасл доминираше на теренот, имаше некоклу убави ситуации и во првото полувреме, но Онана имаше многу среќа откако слободниот удар на Трипие заврши во гредата. Домаќините продолжија со добра игра и на стартот од вториот дел, а иницијативата конечно вроди со плод откако Њукасл освои топка на противничката половина, Гимараеш одлично отвори на десната страна кон Трипие, искусниот бек уфрли кон петерецот, а таму младиот Гордон натрча и ја смести во мрежата на Онана.
Јунајтед имаше одлична шанса да израмни пред самиот крај, Ентони се најде осамен на десетина метри и силно биеше, но топката на патот до мрежата го закачи малерозниот Мегваер кој се наоѓаше во офсајд, па овој гол беше поништен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА